Во тек е големата реконструкција на хотелот Молика, на Пелистер. Темелно реновирање за подобрување на условите за престој, но и во пресрет на 30 годишниот јубилеј.

„Веќе неколку недели во тек е реновирање на собите. Одиме фазно, по вертикали. Се менува дограмата, комплетно се реновираат купатилата, се поставуваат нови водоводни цевки, нов одвод и нов дрвен под. Набавени се нови душеци, нови телевизори и нови мини барови“ рече Миле Велјановски, директор на ЕСМ Молика.

Исто така информираше и за активностите за реконструкција и на таканаречената летна тераса. Се поставува таванска изолација, а ќе се гради и камин кој во зимските месеци ќе придонесе за уште попријатен амбиент во хотелот. Во лоби барот гарнитурите се веќе сменети.

„Паралелно, како што се работи внатре во хотелот, се работи и надвор, на фасадата. Ќе се замени ламперијатаи ќе се реконстуира останатата површина од фасадата. Во тек е постапка за изградба на систем за осветлување на ски стазата Копанки. Во завршна фаза е изборот на изведувач. Најголемиот предизвик кој сакаме да го реализираме и со тоа да внесиме нова содржина за нашите гости е подготовка на проект за изградба на спа центар“ рече тој.

Сите овие проекти што ги споменав и многу други што ги реализиравме во овој краток период беа споменувани во минатото, ама еве сега дојде моментот да се направат. Молика ќе дбележи 30 години постоење во ново руво, реновиран и реконструиран како што доликува на овој омилен хотел на битолчани и на многу гости од Македонија и од странство, вели Велјановски.

Оваа реконструкциј се прави со поддршка на АД ЕСМ и Управниот одбор.












