ТЕРА

REKLAMA???

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА СО ПОВРЕМЕН ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд.

Утринските температури од 5 до 13 степени, во Битола до 8, а дневните од 15 до 25 степени, во Битола до 21.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 l/m2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h).