ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: НЕ ЗНАМ ОТИ ВАКА СЕ ОДНЕСУВАТЕ, ОПШТИНАТА НЕ Е ДУБАИ

Темите со велосипедските патеки и парите на Европската унија, се провлекуваат во работата на советот, кој последно ја одби новата иницијатива на ВМРО ДПМНЕ да се стави на дневен ред.

Европската делегација веќе кажа дека тие пари за објектот „Парк“ не можат да се користата. Кога се расправаше развојната програма 2024-2026 година, Бојкоски рече дека бил изненаден од еден предлог, да се граделе со пари на општината кога веќе сме имале европски пари.

На ова реагираше советничката Трајковска, која рече дека одлуката била да не се дозволи пренамена на средаствата, а не да не се прават велосипедски патеки.

Бојковски ја праша Трајковска дали ова значи дека се отфрла проектот кој што е дониран од Европската унија?  Таа рече дека не го отфрлиле проектот, туку одлуката за пренамената на средства.

Продолжи со писмото од делегацијата на Европската унија кое како што рече, било скриено од советниците, а за што зборуваше и градоначалникот Коњановски.

Илиевска од говорницата праша како тие знаат дека до неа е стигнато писмо. Потврди дека има писмо, но дека не било адресирано до сите советници, а го добиле оние кои се потпишале.

Бојкоски се јави за збор. Го преведуваше писмото каде пишувало до Илиевска и до советниците, а не конкретно до кој советници.

Илиевска ја прекина седницата, а во продолжението Бојкоски продолжи со развојната програма и со писмото.

А за оваа тема во минатото имаше квалификации за инаетот на советниците. Во таа насока праша Наумовска од СДСМ.

Бојкоски објасни зошто се пренамениле парите, потсетувајки на зголемувањето на трошоците за реконструцкијата на Парк.

Захариевска-Ралевска од СДСМ рече дека таа го имала писмото добиено на службениот маил и му кажа дека нарушена е процедурата и дека некој дебело си ги заложил кариерите.

Вратете се на Парк, му рече таа.