ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА БУЏЕТОТ НА БИТОЛА ТЕЖОК ОКОЛУ 1 МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ

За утре Општина Битола ја закажа третата форумска сесија од Буџетскиот Форум во општина Битола. За креирањето на буџетот на Општина Битола за 2024 година до сега беа организирани вакви две форумски сесии, а предвидени се вкупно четири.

Предлог буџетот на општината за 2024 година потоа ќе се најде и на комисиите на Советот на Општина Битола и до крајот на декември Советот на Општина Битола на пленарна седница ќе треба да го гласа.

Како што соопшти градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски буџетот за следната 2024 година е околу една милијарда денари.

„Министерството за финансии врз основа на прибраните приходи и солидниот начин на реализација кој е над 70 насто, дава можност општинскиот буџет во наредната година да биде проширен за нови 40 милиони денари, и генерално околу една милијарда денари ќе бидат на располагање на Општина Битола“, рече Коњановски на една од претходните форумски сесии.