Во изминатите две години, се менуваат и подобруваат условите во општина Битола, вака на својот Фејзбук профил напиша градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
„Се гради и реконструира патната инфраструктура, се уредуваат јавните површини, се реализираат нови проекти кои ќе донесат подобри услови во урбаниот и руралниот дел на општината, можности за спортски напредок, одмор и рекреација, културно забавен живот…
Во досегашниот период реализирано е:
– Изградба, реконструкција и рехабилитација на коловоз во урбаниот и руралниот дел во должина над 20 километри
– Реконструкција и изведба на водоводна мрежа
– Реконструкција и изведба на атмосферска, мешовита и фекална канализација
– Изградба на 6 детски паркови
– Реконструирано кошаркарско и ракометно игралиште
– Реконструирани 2 паркинг простори и комплетно уреден простор во централното градско подрачје
– Набавена заштитна опрема и возила за противпожарна заштита
– Партерно уредување и осветлување кај Офицерски дом
– Изградба на содржини во Аванатуристички парк на Пелистер
– Поддршка за реконструкција на „Копанки“
– Изградба на нов кружен тек
– Изградба на нов парк во Нова Битола
– Адаптација на надворешен дел на прифатилиште за решавање на проблемот со бездомните животни
– Продолжување на изградбата на детската градинка во АРМ и адаптација на нова детска градинка
– Инвестиции во ЈОУДГ „Мајски цвет“
– Инвестиции во Дом за стари лица „Сју Рајдер“
– Подобрување на условите во воспитно образовните објекти
– Изготвени 12 стратешки документи, важни за економски развој на Битола
– Изработка на нов генерален урбанистички план
– Осовременување на општинските услуги со дигитален систем
Низ транспарентно и посветено работење, продолжува реализацијата на започнатите и планираните проекти“ вели Коњановски.