Утрово 1 степен во Струмица, Берово, 2 Скопје – Петровец, Тетово, Крива Паланка, 3 Скопје-Зајчев Рид, Попова Шапка, 4 Куманово, Велес, Гевгелија, 5 Кавадарци, Крушево, Лазарополе, 6 Битола, Маврови Анови, 7 Прилеп, Виница, 8 Штип, Дојран, 9 Претор, 10 Дебар, 11 Охрид, Демир Капија.
Во текот на ноќта и утрово времето беше претежно облачно, во северозападните делови со слаб локален дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец, кој особено во централниот дел на Повардарието повремено беше засилен. Утрово е променливо облачно, на места со слаб до умерен југоисточен ветер.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови и во централниот дел на Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени. Во Битола до 18 степени.












