ТЕРА

REKLAMA???

ФИТНЕС САЛА ДОБИ ДРЖАВНИОТ УЧЕНИЧКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА

Деновиве во употреба беше пуштена фитнес салата во Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола.

„Ние не познаваме граници за да ја постигнеме целта и секоја помош и секое вложување и добредојдено“ рече директорката на домот, Елена Спасеновска.

Ова е во рамките на проектот „Здраво тело- здрав дух- здрав живот“ кој што е реализиран од страна на Здружението за македонско-бугарско пријателство и генералниот конзулат на Република Бугарија.

„И сме многу радосни за соработката меѓу Здружението за македонско-бугарско пријателство и интернатот. Верувам дека овој проект ќе придонесе и за децата како што овде е наведено „Здрав дух-здраво тело-здрав живот, да бидат поздрави, пофокусирани во учењето и да имаат поголем успех“ рече Николај Димитров, конзул на Република Бугарија.

Веќе петта година Здружението за маќедонско-бугарско пријателство преку програмата оперативна помош за развој на Министерството за надворешни работи на Бугарија реализира проекти кои се нементи за младите во Битола, вели претседателката на ова здружение Маринела Петреска.

„Младите се иднината на секоја држава. Кога имаме едно здраво среќно и образовано поколение, иднината на државата секогаш ќе биде добра“ рече таа.

Пред свеченото пуштање на фитнес салата имаше пригодна културно- уметничка програма.