
Тој додаде дека е направен успешен скрининг процес кој што завршува идната недела европскиот совет. Според него, заклучоците на европскиот совет ќе бидат дека Северна Македонија направила успешен скрининг и останува да ги направи уставните измени кои се обврска во преговарачката рамка за да се продолжи со отварањето на поглавјето.
„СДСМ ќе победи на избори и нема да чекаме 10 години. Затоа што, од другата страна имате антиевропска коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште некои партии веројатно кои не се за европска интеграција на државата“, заклучи Ковачевски.
Тој вели дека СДСМ е партија со најголем демократски капацитет во државата и дека нивниот претседателски кандидат ќе има визија за полноправно членство во ЕУ со економски раст.
„СДСМ е партија со најголем демократски капацитет во државата и претседателот на партијата го бираме на непосредни избори и можам да ви кажам задачите како политички кандидат, тоа е претседателски кандидат која што се залага за евроинтеграцијата на државата, претседателски кандидат кој што се залага за надворешна политика која што е целосна усогласена со НАТО како членка на НАТО и со надвортешната политика на ЕУ, “ истакна Премиерот
Тој додаде дека според него претседателски кандидат од страна на СДСМ е оној кој што ги почитува меѓународните договори во државата, кој што ја почитува преговарачката рамка на државата со ЕУ, кој што сите граѓани без разлика на нивната етничка и било која друга припадност се еднакви пред него и претседателски кандидат кој што има визија за полноправно членство на ЕУ со економски раст со врвно владеење на демократија и правда и со судот.
„Стево Пендаровски ако го гледаме неговото работење изминатите 5 години веќе скоро, тој апсолутно ги исполнува овие вредности и затоа и тогаш бил кандидат, бидејќи претседателот Пендаровски беше кандидиран како консузуален кандидат и да не заборавиме дека тој беше положен отворено од коалиција која што вклучуваше“, потенцираше Ковачевски.
Тој заклучи дека повикот на СДСМ е до сите политички партии кој што ги делат овие вредности.












