ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ: ПО ИЗБОРИТЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ОНКОЛОГИЈА ЌЕ ИМА

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната посета на Кавадарци рече дека по парламентарните избори одговорност за скандалот со Онкологија ќе има.

„Она што би сакал на почетокот да го кажам е дека огромниот скандал кој што беше врзан со лечењето на болните од малигни болести и случувањата на Клиниката за онкологија, како што гледате власта целосно се обидува да го стиши.

Имено, ни истрага не се отвори за манипулациите, за кои што јавно се говореше и за кои што собраниската Анкетна комисија донесе соодветни ставови кои што беа презентирани низ повеќе испрашувања кои што ги правеше истата таа комисија. Сите се свесни дека скандал има. Сите се свесни дека има потенцијални неправилности, но власта сакајќи да ги затскрие и да ги заштити првенците на власта кои што очигледно се дел од овој скандал, не отвори ни истрага како што кажав“ рече Николиски.

Тој рече дека после парламентарните избори кои што ќе се случат на 8-ми мај, ова ќе е една од првите активности која што ќе ја преземеме за да се побара одговорност во однос на овој случај.