Денеска и официјално започна скијачката сезона на ски-центарот „Копанки“ на Пелистер.

Стартот на сезоната беше бесплатен за оние кои денеска беа на овие терени, а освен битолчани посетители имаше и од други градови.

Во интерес на новата скијачка сезона следната работна недела, односно од понеделник до петок ќе се искористи за дополнителни работни активности.

За тоа кога ќе продолжат следните скијачки денови дополнително ќе информираат.

Повеќе за ова во утрешниот Актуел на Тера телевизија.












