Новогодишната магија започна да се чувствува во Општина Новаци. Елката, украсите, декорациите, светилките се предвесник на прекрасниот период кој ни следи за новогодишните и божиќните празници.

„Нека новогодишната магија ни претставува симбол на единство, љубов и поддршка, заеднички одбележувајќи го влезот во Новата Година“ велат од општината.

Покрај новогодишното украсување во соработка со основното училиште направена е и програма за децата од нашата општина:

26.12 – 11 ч. – Новогодишен базар во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци
27.12 – 10 ч. – Новогодишна приредба „Дедо Мраз меѓу нас“ во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци – подарување на новогодишни пакетчиња за дечињата од страна на градоначалникот Стевче Стевановски
28.12 – 11 часот – Новогодишна приредба „Изгубената снегулка“ во големата сала на Општина Новаци.













