Министерството за земјоделие, по денешната владина седница соопшти дека до крајот на годината следува реализациајта на 30% авансна исплата на субвенциите, новост предвидена со новиот модел за субвенционирање.
40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари, односно 400 милиони денари ќе се исплатат за производителите на полјоделски кутлури, кај градинарството 70 милиони денари, 130 милиони денари за овоштарите и 150 милиони денари исплата кон лозарите.
Млекопроизводителите до крајот на годината на своите сметки ќе ги добијат премиите за произведено и предадено млеко за фазите октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година. Исплата во вредност од 257 милиони денари.
Преку измени во програмата за директни плаќања субвенциите кон лозарите се зголемуваат од 40.000 денари по хектар се зголемува на 52.000 денари по хектар, а дополнително се креира и нова мерка за поддршка на лозарите за произведено винско грозје предадено во регистрирани капацитети за произвдоство на вино во износ од 1 денар по килограм. За реализација на оваа мерка Владата од буџетот обезбеди дополнителни 62 милиони денари.
На денешната тематска владина седница, Владата донесе одлука до 30 декември 2023 да се продолжи рокот за аплицирањето на земјоделците за дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади. Ваквото продолжување следува по барање на земјоделците, со цел навремено аплицирање за дополнителните субвеници.











