На седницата на Комисијата за животна средина, советникот од ВМРО НП, Кире Климески кој е дел од коалицијата со СДСМ, праша за што општината ги користи парите од надоместокот од ЕСМ за користење на фосилни горива.
„Ме интересира парите што се наменети за користење на фосилни горива што Општина Битола ги добива од ЕСМ, по основ на користење фосилни горива некаде сумата е 12 милиони денари, за што тие пари ќе ги користат, ако не се користат за програмата за реализација на животната средина“ праша советникот Кире Климески од ВМРО НП.
Претставникот на Општина Битола му одговори на Климески.
„Во делот на корситењето на средствата од надоместокот на фосилни горива во висона од околу 12 милиони денари, средствата ги користи Одделението за комунални дејности и истите се користат, овде ја имате и донесено како посебна програма за заштита на животната средина, средствата се користат за атмосферска и фекална канализација, најчесто за реконструкција на атмосферска и фекална канализација, која исто така спаѓа во заштита на животната средина“ одговори Благица Талевска, раководител на секторот за финансии во Општина Битола.
На ова возврати Климески.
„Значи АД ЕСМ ги дава како користење на фосилни горива во дел на тоа што е секогаш главна тема загадување од РЕК Битола. Тие како наменски средства треба да се искористат точно за таа намена, а не за изработка на канализација и на системи за одводнување“ рече Климески.












