Со одлука на македонската Влада, на барање на Агенцијата за млади и спорт, ЕСМ Молика од денес стопанисува со новоотворениот пливачки базен во Струга!

„Базенот е целосно реконструиран како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 14 пливачки базени со буџетски средства.

Нашето друштво е побогато за уште една содржина која, покрај угостителските и сместувачките капацитети, ќе биде на располагање на граѓаните!
ЕСМ Молика, и покрај тоа што e ново друштво, презема храбри чекори. Ја зголемува својата понуда и продолжува со несмалено темпо да инвестира во подобри услови во сите свои објекти“ соопштија од ЕСМ Молика.

Во соопштенеито од ЕСМ се вели дека по две децении, Струга конечно добива затворен пливачки базен опремен по највисоки стандарди отворен за сите граѓани и љубители на пливачките спортови.

„АД ЕСМ, преку подружницата ХЕС Црни Дрим изминатиот период, со сериозна професионална посветеност и поддршка, некогашниот руиниран базен успеа да го претвори во нов модерен спортски рекреативен објект што ќе биде центар на физичка активност, здравје и спортска култура за граѓаните на Струга во текот на целата година. Одговорноста и обврските на компанијата за одржување на овој нов базен ќе продолжат во иднина, со цел да биде домаќин на големи спортски настани и натпревари каде се ќе родат многу пливачки и ватерполо легенди“ велат од ЕСМ.











