Загреб во предновогодишниот период е како магична бајка која го оживува градот со светла, новогодишни мириси и посебна енергија. Загреб веќе има посебен шарм по природа, а за време на предновогодишните празницни станува како сликовница од соништата, поради што дури три пати ја држеше титулата место со најдобар Божиќен саем во Европа.
Од 2. декември до 7. јануари и оваа година светлината на илјадници и илјадници светла се прошируваат низ главниот град на Хрватска, ширејќи ја благоста и романтиката што ги нуди само оваа сезона.

Сите кои некогаш го посетиле Загреб за време на адвентскиот период пред новата година, ќе се согласат дека градот е навистина магичен.Надвор ладно а топло во срцата. Бајковити, снежни градби во центарот на градот и парковите, сите облеани во многу светлина и божиќни украси.Прошетката низ центарот на Загреб открива многубројни новогодишни елки и бројни други симболи на Божиќ и Новата година кои совршено ја создадоа целата атмосфера на Адвентот и го облекоа Загреб во облеката што ја чекаше цела година.
Главниот градски плоштад е горд и на најголемата елка во градот. Зрињевац е домот на Адвентот, на оваа празнична магија, каде се главните семејни и пријателски собири.Магичните новогодишни декорации прават посебна атмосфера , а тука се и храната, варени колбаси и вино, мириси кои будат спомени и од детството, љубов, смеа и детска игра.

Празничната атмосфера е и пред Хрватскиот народен театар.Повеќе од еден век, овој плоштад во срцето на Загреб зрачи со уметност, и надвор и внатре. Зградата е обвиткана во уметност во божиќен фустан – однадвор со светли украси и големи фигури на Оревокршачите, а однатре, атриумот и фоајето се со радосен божиќен дух.

Улици, плоштади, шеталишта, премини, паркови – насекаде ќе можете да се дружите со вашите најблиски и да ги стоплите рацете со шолја варено вино или топло чоколадо. Уживајте во мирисите и вкусовите на цимет, каранфилче и локални деликатеси кои ќе се шират низ центарот на градот. Оставете ги грижите зад себе, раширете насмевка на вашите румени образи и дозволете се да одите во ритамот на празничната музика која ќе биде насекаде околу вас.













