Минатата година во болницата „Плодност“ во Битола беа родени 833 бебиња. Директорот и сопственик на болницата д-р Таше Трпчевски очекува четири цифрена бројка на новородени во оваа година.
„Јас во моментот кога работев во Клиничката болница имавме од 2500 до 3000 раѓања, за жал таму се намалува бројот, не знам од кои причини, а кај нас расте како што кажав, најверојано причина се условите кои што ние ги овозможуваме, нашата стручност, а сега со новиот дел кој што очекувам со новата болница да проработи после два месеци, ќе ни се прошират капацитетите и очекувана ќе биде четвороцифрена бројка .
Со оглед на тоа што станавме лидери во инвитро фертилизацијата, примената на лапароскопската напредна хирургија, се зголеми и бројот на операции и ја заменивме класичната хирургија со лапароскопска хирургија, јас мислам дека со новиот капацитет кој што го имаме ќе ги задоволиме нашите потреби, бидејќи досега навистина работевме во тешки услови, немавме толку кревети колку што имаше побарувачка“ вели д-р Трпчевски.











