ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 8 СТЕПЕНИ

Утрово најстудено со -1 степен беше во Лазарополе, 0 Претор, 1 Крушево, Маврови Анови, 2 Охрид, Битола, 3 Прилеп, 4 Тетово, Берово, Дебар,  5 Крива Паланка, Дојран, Куманово, 6 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Штип, Велес, Гевгелија, 7 Демир Капија.

Најмногу дожд 23 л/м2 наврнаа во Претор, 18 Охрид, 9 Прилеп, 8 Попова Шапка, Крушево, Крива Паланка, 7 Битола, Гевгелија, 6 Демир Капија, Виница, Струмица, Берово, Кавадарци, 5 Штип, 4 Дебар, Тетово, Маврови Анови, Лазарополе, 3 Дебар, 2 Велес, Куманово, 1 Пожаране, Скопје – Зајчев Рид.

Во текот на ноќта и утрово времето беше претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На планините на северозапад врнежите беа од снег. Се задржа доста тивко понекаде со слаб променлив ветер. Утринава дожд има на повеќе места претежно во северните делови од земјата.

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Во Битола до 8 степени.