ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И СТУДЕНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 5 СТЕПEНИ

Утрово -8 Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија, -7 Крушево, -6 Куманово, Штип, Скопје-Петровец, -5 Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп, -4 Кавадарци, Битола, Охрид, Претор, -3 Велес,  0 Дојран, 1 Гевгелија.

Во првиот дел од ноќта беше ведро, а потоа од север се прошири умерено наоблачување. Дуваше слаб претежно северен ветер. Утринава на повиско дува умерен претежно северен ветер.

Днеска наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени. Во Битола до 5 степени.