Утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Утринската во Битола околу -9 степени, а дневната до 4.
Во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст.












