ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА МНОГУ ВИСОКО ЗАГАДУВАЊЕ ВО БИТОЛА

Мерната станица на министерството за животна средина во центарот на Битола вечерва во 19:00 часот регистрираше многу високо загадување со МП2,5 честичките и високо загадување со МП10 честичките.

Во истото време мерната станица во индустрискиот дел на Битола регистрираше високо загадување со ПМ2,5 честичките и средно загадување со ПМ10.

Повторно мерната станица во индустрискиот дел на Битола почна да дава резултати од мерењата за загадување со МП10 честичките.

Вечерва многу високо загадување има и во делови од Скопје, потоа во Гостивар, Тетово, Струмица и Кавадарци.