ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д СЕ УБЕДЛИВО НАЈГОЛЕМАТА КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА

„Како Влада направивме и стратешки исчекори во однос на капиталните инвестиции во патната инфраструктура. Коридорите 8 и 10д се убедливо најголемата капитална инвестиција во историјата на нашата земја. Ќе придонесат за побрз развој на економијата, за модернизација на патната инфраструктура и подобро поврзување со нашите соседи, но и со меѓународните коридори“ рече премиерот Димитар Ковачевски на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој додаде дека изминативе пет години, вложени се преку една милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта, со што Северна Македонија наместо обиколница, станува вистинска раскрсница на Балканот.

„За сите наши политики голема е поддршката која ја добиваме од Европската Унија. Од независноста до денес, финансиската поддршка на ЕУ се проценува на над 3,3 милијарди евра“ рече Ковачевски.