За да се зголеми довербата кај граѓаните и да знаат дека никој не остварува екстра профит во јануарската сметка за потрошена електрична енергија која граѓаните ќе ја добијат во февруари нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа, информира денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
Во сметките за струја кои граѓаните ги добија за месец декември ставен е и надоместокот од 200 денари за пристап до мрежа. Оваа давачка, како што најавија од Регулаторната комисија за енергетика, требаше да почне да се плаќа од јануари.
Претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски вели дека затоа за месец јануари нема да се плаќа пристап до мрежа.











