ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ ПРЕДЛАГА СО ПРОЕКТ ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ДА СЕ РЕКОНСТРУИРА „ПАРК“

На денешната седница на Советот, градоначалникот на Битола предложи дополнување на дневниот ред со две точки, а за кои, како што рече материјалите се доставени по електронски пат.

„Точките кои ги предлагам се однесуваат на два важни проекти, за кои сметам дека политичките надмудрувања треба да се остават на страна и да се дејствува во интерес на Битола. Во тој контекст, ги прифатив сугестиите од советниците, од кои дел навистина се и стручни лица во областа на архитектурата, така што ја задолжив општинската администрација, да ја подготви целата документација со веќе изготвениот проект за реконструкција на објектот „Парк“ и истата комплетирана во соодветната апликациона форма да ја поднесе на повикот на Министерството за култура за распределба на капитална дотација за инвестициони проекти во областа на културата за 2024 година. Апликацијата е доставена до Вас, проектот Ви е добро познат и заради конструктивност и понатамошна соработка помеѓу општината и Советот, барам Советот да донесе заклучок за согласност за поднесената апликација за изградба на објектот „Парк“.

Барањето согласност за оваа апликација, истовремено потврдува дека, како градоначалник ги прифаќам Вашите барања и забелешки за поголема транспарентност во однос на соработката помеѓу општината и Советот, кога станува збор за аплицирање на повици за проекти финансирани од националните институции или Европски и меѓународни фондови.

На овој начин, покажувам разбирање и на Вашите забелешки, кои се однесуваат на измената на одлуката за кофинансирање на проектот „Smart4you2“, каде понесени од ентузијазмот и имајќи предвид дека во програмите на сите политички партии беа предвидени велосипедски патеки и дополнително соочени со недостиг на финансиски средства за реконструкција на објектот „Парк“, не побаравме измена на Одлуката за кофинансирање пред склучувањето на адендумот за проектот . Морам да напоменам дека ваквото постапување од наша страна не е спротивно на позитивните законски прописи и правилата на ЕУ, но се согласувам дека влијае на транспарентноста на градоначалникот и администрацијата кон Советот.

Земајќи ги предвид досегашните дописи од Делегацијата на Европската унија испратени до мене, а и до Вас, каде и лично од амбасадорот Гир, беше наведено дека, со одобрените средства од ЕУ, не постои можност за понатамошно финансирање кое би можело да се намени за реконструкција на постоечката зграда „ПАРК“ во Битола, денес, почитувани советници, повторно сакам да побарам од вас, донесување на Одлука за изменување на Одлуката за согласност и кофинансирање на проектот “Smart4You2” и искористување на средствата одобрени од ЕУ за изградба на велосипедски патеки.

Со ова добиваме можност средствата кои се предвидени во развојната програма за изградба на велосипедски патеки, да бидат пренаменети како кофинансирање за реконструкцијата на „Парк“, по одобрувањето на проектот од страна на Министерството за култура.

Со донесување на овие две одлуки, ќе дадеме шанса за реализација на две големи инвестиции во нашиот град и тоа: Изградба на велосипедски патеки и реконструкција на објектот „Парк“.

Верувам дека низ еден ваков транспарентен процес, ќе покажеме заедничка конструктивност за подобрување на сообраќајната, туристичката и инфраструктурата на културата во Битола“ рече Коњановски во обраќањето до советниците.