ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 9 СТЕПЕНИ

Утрово -7 степени во Берово, -5 Битола, -4 Попова Шапка, -3 Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -2 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Крушево, Дебар, Маврови Анови, -1 Виница, Кавадарци, Велес, 0 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 4 Дојран, Гевгелија.

Висината на снежната покривка  е 12 см во Маврови Анови, 7 Дебар, 6 Крушево, Ѓуриште, 5 Битола, Попова Шапка, 2 Тетово, Охрид.

Во првата половина од ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност, во втората облачноста се зголемуваше. Утрово е облачно со слаб локален дожд. Дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени. Во Битола до 9 степени.