ТЕРА

REKLAMA???

ЛДП: НЕОДГОВОРНО Е ВМРО ДПМНЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО ВЛАДАТА, ДА ПРАВИ КВОРУМ, А ДА НЕ ГЛАСА

Законска обврска за техничката влада е да организира фер и демократски избори, а Либерално-демократската партија останува на европскиот пат ставајќи го интересот на граѓаните и на државата на прво место заедно со пратениците од мнозинството, стои во соопштението на ЛДП за изборот на техничката влада.

„Како партија нема да дозволиме деструктивните сценарија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да успеат само затоа што нивниот најголем проблем е изборот на Талат Џафери кој беше министер и носител на висока функција во периодот на нивната влада во минатото.

Исто така, неодговорно e да се предложат министри, да се прави кворум, а потоа да не се гласа за сопствените министри. Во изминатите години ЛДП покажа дека е партија која е стожер на прогресот и знае да го штити гласот на граѓаните и нивното неприкосновено право за слободно изразување на нивната волја“ стои во соопштението на ЛДП.