Српската заедница во Битола го одбележа Св. Сава – националниот ден на Србите во Република Македонија.
„Како секоја година претходно, така и оваа година се собравме на 27 јануари по повод прославувањето на српскиот архиепископ Свети Сава, да го одбележиме денот, така што организираме примопредвање на српското кумство. Оваа година прв пат го преземаме кумството, јас и мојот сопруг, претходно постарите генерации во моето семејство го имаат преземано, меѓутоа ние како млади за прв пат го преземаме кумството и се надеваме, тоа се прави традиционално, со надеж дека ќе донесе среќа, бериќет, здравје и љубов во семејството“ вели Дона Срдиќ-Лазаревска.











