ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ВОЗИ ПО НОВИОТ МОСТ КАЈ „ДОВЛЕЏИК“

Битолчани и оние кои транзитираат низ Битола, сега влегуваат и излегуваат од новиот мост кај „Довлеџик“,  кој од првата половина на јанаури е ставен во функција. Некаде од 10 јануари, сообраќајот веќе не се одвива преку девијацијата која беше алтернативно решение.

Изведувач на работите беше фирмата „Стентон градба“.

Новиот мост за кој беа одвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата е во должина од 30 метри.

Инаку подготвителните активности за изградба на мостот на река Драгор, кај Довлеџик, започнаа ланската година на 13 јануари, кога информиравме за поставувањето на соодветна сообраќајна сигнализација, со која се вршеше пренасочување на сообраќајот.

Како што веќе рековме со цел да нема застој во сообраќајот, беше изграден времен премин, односно девијација, во функција на изведба на мостот на реката Драгор, во вредност од околу 9.000.000 денари.