ТЕРА

REKLAMA???

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ЗАПИШУВААТ ОГРЕВНО ДРВО И ПЕЛЕТИ

Наскоро ќе започне запишувањето на огревно дрво за пензионерите. Годинава освен дрва, ќе можат да запишуваат и пелети.

Од Здружението информираат дека в четврток и петок на 8 и 9 февруари со почеток во 9:00 часот ќе се врши запишувањето и дека плаќањето ќе се врши на 5 рати.

Цената на огревното дрво ќе изнесува:

1. Бука 4.500,00 ден. за просторен метар

2. Даб 4.550,00 ден. за просторен метар

Цената на пелетите изнесува:

  1. Маx енерџи A1 259 ден.за 1 врека (15кг)

2.Голд  пелети A1 269 ден.за 1 врека (15кг)

3. Еко лајф А1  279 ден. за 1 врека (15кг)

4. Еко мадера А1 265 ден за 1 врека (15кг)

5. Еко мадера А2 255 ден. за 1 врека (15кг)

Запишувањето ќе се врши од страна на председателите на  месните ограноци во просториите на месните заедници.

Таму каде што нема простор за запишување на огревно дрво и пелети во Месните заедници , запишувањето ќе се врши во салата на Здружението на пензионери- Битола и тоа за месните ограноци:

,,Блаже  Рогозинаро“, ,,Велко Влаховиќ“ и ,,Естреа Овадија Мара“ на 08.02.2024 година со почеток во 9 часот, (четврток),  додека за месниот огранок ,,Стив Наумов“ и ,,Стево Патако“ запишувањето ќе се врши на 09.02. 2024 година (петок) во салата на Здружението на пензионери- Битола со почеток во 9 часот.

Пензионерите од месниот огранок ,,Борис Бастеро“ на 08.02.2024 година со почеток во 9 часот. (четврток)

Пензионерите од месниот огранок ,,Даме Груев“ ќе запишуваат во  просториите на ,,Борис Бастерот“ на 09.02.2024 година (петок) со почеток во 9 часот.

Пензионерите од огранокот ,,Елпида Караманди“ ќе запишуваат во просторите на Месната заедница ,,Коле Канински“ на 08 и 09.02 2024  година со почеток во 9 часот.

Пензионерите од месниот огранок ,,Таки Даскало“ ќе запишуваат  во ОУ,,Ѓорги Сугарев,, на 08 и 09 .02. 2024 година во 9 часот.

Запишувањето на огревното дрво  ке се врши по принципот прв дојден прв  услужен.