ТЕРА

REKLAMA???

ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески даде отчет пред граѓаните на општина Прилеп.

„Тоа е наша должност кон граѓаните за вашата укажана доверба. Напишаниот отчет на 60 страници е доказ дека нашите ветувања ги исполнуваме но и дека сме само на половина пат, имаме уште две години многу работа и многу нови проекти за реализација“ рече Јовчески.

Соопшти дека инвестирале 50 милиони денари во образованието, односно во основните и средните општински училишта, а ги наброја и следните проекти:

-Нов асвалт и рехабилитација на 80 000 м2 улици и патишта во општина Прилеп!

-Нов кружен тек во центарот на градот !

-Целосно реконструиран последниот крак од плоштадот Методија Андонов Ченто!

-Ги реконструиравме запоставените игралишта и паркови!

-Изградивме ново мултифункционално игралиште во ООУ Добре Јованоски!

-Изградивме ново Инклузивно игралиште во паркот на Могилата!

-Воведовме еднократна финансиска помош од 6000 денари за секое новороденче во општина Прилеп!

-Воведовме бесплатен оброк за секое прваче во општина Прилеп!

-Доделивме стипендии на нашите студенти,

-Воведовме бесплатен јавен градски превоз за пензионери со ниски пензии!

-Градиме нов водоснабдителен систем во Канатларци!

-Исчистивме 12 000 м3 отпад од диви депонии!

-Градиме нова фабрика за рециклирање на отпад!

-Го намаливме затекнатиот финансиски долг на Општина Прилеп од 5 милиони евра на 800 илјади евра!

И уште многу проекти со кој што покажавме чесност, одговорност и умешност и така и ќе продолжиме заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, општинската администрација, советниците, директорите на јавните претпријатија и општинските училишта, целокупниот мој тим и поддршката на нашите пратеници во Собранието на Македонија и поддршката која што ја имаме од целокупното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно креираме и градиме достоинствен живот и општина со која сите ќе се гордееме“ рече Јовчески.

На отчетото присуствуваше и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски кој искажа поддршка и како што рече, задоволство од она што е срабоитено до сега.

„Ние како политичка партија која што стои позади мнозинството во советот и го кандидираше градоначалникот за градоначалник сме исклучително задоволни од работата во општина Прилеп, и сметаме дека она што се случува во изминатите две години е навистина позитивно“ рече Николоски.