Вчера на првиот ден од почетокот на собирањето потписи за истакнување кандидатури за претседател на Македонија и за пратеници, во подрачната канцелари на Државната изборна комисија во Битола, беа поднесени шест листи на кандидати за претседател.
Потписи во Битола почнаа да собираат Билјана Ванковска-Цветковска, Стевчо Јакимовски, Вело Марковски, Максим Димитриевски, Ѓорѓи Манасков и Бујар Османи.
Во текот на вчерашниот ден немаше поднесено листа за независни пратници. Ова се информации за состојбата синоќа до 18 часот.
Канцеларијата во Битола работи секој ден од 8:00 до 20:00 часот и во сатбота и во недела, а за давање потпис од лична документација потребна е лична карта или пасош.
Собирањето потписи е до 8 март на полноќ.











