Жестока кавга со навреди вчера за време на седницата на Советот на Општина Битола во делот кога се предлагаа точки за дополнување на дневниот ред.
Додека се читаше дневниот ред, советникот од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Ѓорѓиевски реагираше дека е нарушена процедурата од страна на претседателката Илиевска.
Потоа беше побарано свикување седница на Комисијата за статут и прописи, чиј претсдедател е советникот Ѓорѓи Ѓоргиевски, кој сметајќи дека е недоловнички не одговори на повикот за седница.
Кавгата беше на релација Илиевска-Ѓоргиевски, а потоа Захариевска-Ралевска против Ѓорѓиевски.












