Најглемиот дел од производството на електрична енергија во Република Северна Македонија се одвива во Рударсако Енергетскиот комбинат Битола, или во јавноста познат како РЕК Битола, со некаде околу 60-70% од целокупниот капацитет на производство на електрична енергија во државата.
Националните стратегии и визии за натамошниот енергетски правец на целата држава, го одредува Владата на Република Северна Македонија, односно соодветните министерства. На локално ниво, согласно пропишаните законски обврски на општините, тие имаат своја улога во развојот и креирањето на политиките за енергетска ефикасност.
Општина Битола е дел од процесот на Праведна транзиција и всушност е една од најзасегнатите општини во регионот, кога станува збор за овој процес.
Процесот на Праведна транзиција ги опфаќа и овие две општини. Енергетската транзиција на РЕК Битола е од големо значење за самата општина Новаци. И општина Могила, која се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, неминовно е дел од процесот на Праведна транзиција.












