Вчера претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги соопшти имињата на носителите на листите за парламентарните избори во пет од шесте изборни единици.
„На 24-ти април и 8-ми мај ќе победи чесна и намачена Македонија. Ќе победиме заедно со секој еден од вас што е против криминалот и корупцијата, што сака средена држава и силна економија.
Ја имам честа да сум носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ за четвртата изборна единица! Ќе победиме со најдобар резултат во историјата на демократските избори во Македонија! Ќе бидам секој ден со вас, со младите и старите, со земјоделците, работниците, пензионерите, малите и средни претприемачи, професорите и студентите! Победуваме“ напиша на својот фејзбук профил Николоски.












