ТЕРА

REKLAMA???

И ЗА ВМРО ДПМНЕ И ЗА КОЊАНОВСКИ И ЗА БОЈКОСКИ СДСМ ДЕНЕСКА КАЖАЛА ЛАГИ

На денешната прес конференција на СДСМ, со реакции се огласија од ОК на ВМРО ДПМНЕ, советникот Бојкоски и градоначалникот Коњановски.

„Дејан Србиновски поразениот старо нов портпарол на СДС чита лажен нарачан текст од неговиот колега и вработен во РЕК Методија Куновски кој во ЕСМ е вработен за односи со јавност. Платен од ЕСМ а пишува за СДС!

Излитените служби за информирање во РЕК Битола место да се занимаваат со актуелните проблеми кои го притискаат комбинатот и проблемите од кои треперат не само Битолчани туку и граѓаните на Македонија, се занимаваат со измислени ефтини лаги и политиканство.

Изнесените ставови на Србиновски се ноторна лага и само уште еден блед обид да се оцрнат лица од победничката  ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Битола.

Поразениот портпарол на СДС Битола по налог на нивниот портпарол во сенка Методија Куновски после 5 дена конечно собраа храброст и повторно излегоа на прес – конференција со лажна вест. Толку е сенсот на нивниот ПР мајстор.

Денешните искажаани клевети, Србиновски и сите идни лаги и клевети ќе треба да ги докаже пред надлежните институции и основниот суд во Битола. Почитувани битолчани, никогаш не било полошо во Македонија! Време е за избор, хаос или ред. Важно е да ги поразиме“ стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во својата реакција вели дека нема да дозволи, како што пишува, провидните манипулации на СДСМ да и наштетат на Битола.

„Желбата за власт и функција на СДСМ, се докажа и со денешната прес конференција на која исплашени од мојата конструктивност и работа, се обидуваат ширејќи лаги, да ги маргинализираат резултатите. Впрочем, недоследни во своите ставови, желни да ги сочуваат советничките столчиња ја гласаа и завршната сметка, за која цела година манипулираа дека ќе биде резултат на недомаќинско трошење пари. Но и минатата недела како многупати досега докажаа дека единственото што знаат да го работата е манипулирање на граѓаните. Наспроти тоа, мојот принцип на работа отсекогаш бил насочен кон: соработка, решавање на проблеми, проекти и резултати. Истото се докажало во корона кризата со мојата стручност како епидемиолог, се докажува во мојата посветеност и работа во екстремно тешки политички услови како градоначалник, а продолжува со одговорност на секоја функција на која можам да го вложам мојот максимум, во заедништво со граѓаните за позитивни промени и напредок на градот и државата. Најуспешните политики се спроведуваат кога се дејствува локално за глобални промени. За жал, оваа слика за СДСМ е непозната, што уште повеќе е потврдено и со нивното негласање за проектот Smart4you2 и изградбата на велосипедски патеки, што за жал создава негативна слика за Битола пред сите претставници на Европската унија.

Накратко: За мене не постои повеќе или помалку важна позиција. Единствено важно е да има одговорност. Мојот приоритет е поубава Битола, а неговата реализација секојдневно се докажува во нашата заедничка работа со соработниците, општинската администрација и поддршката од советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои сплотено и заеднички во континуитет стојат зад донесените одлуки“ вели Коњановски.

Во реакцијата, советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели дека СДСМ после 5 дена конечно собраа храброст и повторно излегоа на прес конференција со лажна вест.

„Толку ги советува нивниот ПР мајстор. Бојан Бојкоски нема амбиции да биде пратеник, можеби вие од СДС сакате да се спасите од мене но најмалку уште две години ќе Ви бидам ноќна мора во Советот на општина Битола! ВМРО ДПМНЕ ќе ги има најдобрите кандидати за пратеници и ќе биде апсолутен победник на парламентарните избори“ напиша Бојкоски.