По вчерашната информација од Општина Битола за најавата за асфалтирање на улицата „Крушевска Република“ со реакција се огласи битолската ЛДП.
„Во Битола велат ни срам ни перде!
Да се сликаш и фалиш на улица која е спремна за асфалтирање 3 години, а не си ја направил, да ги поведеш со себе и директорите на јавните претпријатија во фалбата, а немаат ниту камче поместено на таа улица, и згора на се да речеш дека е крива ФФМ за улицата што не е направена толку време, можно е само од градоначалникот Тони Коњановски.
Крушевска Република во Битола трае цели три години, а во Крушево само 10 дена.
Внимавајте сега од ФФМ да не се криви и за асфалтот кога ќе се поставува, да не биде како оној на кружниот тек кај ветеринарното.
Жална е наша Битола со Вас“ стои во реакцијата на ЛДП.












