ТЕРА

REKLAMA???

ДИМИТРОВСКИ ЗА УРЕДУВАЊЕТО НА ПОТЕГОТ ОД ТУМБЕ КАФЕ ДО СМОЛЕВО

Општина Битола веќе е подготвена за почетокот на градежната сезона, во која ќе се реализираат повеќе капитални проекти, најави денеска секретарот на Општина Битола, Борче Демитровски. Рече дека е горд што ќе најави еден проект што ќе биде многу значаен за битолчани, а тоа е уредувањето на потегот од Тумбе кафе до Смолево.

„Многупати презентирана и промовирана активност, но никако не го видела светлото на денот. Оваа општинска администрација и градоначалникот Тони Коњановки, успеавме да ја изработиме и проектната документација, да направиме соработка и партнерство со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, бидејќи тоа ќе се реализира во партнерство со нив, односно половина од средствата се обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој. На тој потег, секојдневно се движат илјадници битолчани и време беше еднаш тоа да го уредиме.

Исто така, продолжуваме со активности на повеќе улици: Горно и Долно Оризари, каде што се работи неколку километри коловоз, се работи на канализацијата и на водоводот во двете населени места, продолжуваме на улицата Стив Наумов, еден дел беше завршен кон крајот на минатата календарска година, втора фаза на улица Солунска, исто така склучен е договор со изведувач и за паркингот Декорпод, во тек е постапка за избор на изведувач за противпожарниот дом, којшто ќе се гради во Старата касарна, објавена е јавната набавка за влезот во Битола, улицата „8 Септември”, од страната на Скопје, а постапката ќе трае 30 дена, по што Општина Битола, редовно ќе известува за сите чекори. Со еден збор имаме бројни активности во периодот кој следува”, рече Димитровски.