Од денес, продолжија активностите од втората фаза на проектот за комплетна реконструкција на улицата „Солунска”.
Како што велат од Општина Битола од оваа фаза, во досегашниот период изведени се канализација и приклучоци во должина од 152 метри и коловоз во должина од 138 метри.

Со продолжувањето на работата на терен, ќе се изврши реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од 566,65 метри. Вкупната вредност за планираните активности изнесува околу 25.000.000 денари.
Додека траат работните активности, воспоставен е времен режим и улицата е затворена за сообраќај на потегот од „Трета реонска” до улица „Пецо Божиновски”.
Фото: Општина Битола












