Центарот за деца со типичен и атипичен развој – деца со посебни образовни потреби и тие кои имаат говорни проблеми, деца со аутизам или синдром на невнимание, постои три години. Низ индивиуално програмирана работа ги едуцираат децата за обичните активности за кои многумина ниту размислуваат.

Генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, Николај Димитров и неговиот заменик Илијан Крстев денеска направија увид во реализацијата на проектот. Неговата екселенција генералниот конзул Николај Димитров ги поздрави напорите на сите ангажирани во реализација на овој европски проект.

„Нашата официјална програма за развој е строго ориентирана кон вакви, социјални проекти со кои се помагаат здруженијата кои имаат разнородни потреби, најразлични форми со кои здруженијата се пријавуваат за проектите. Ланската година вакво искуство имавме со болдерот – ѕидот за качување со трибина во паркот, спортската сала во ученичкиот дом „Мирка Гинова“ и овој проект овде со опремата којашто заедно ја ставаме во функција денеска. Верувам дека на овој начин ја исполнуваме и нашата мисија како генерален конзулат во Битола за помош на организации кои имаат социјално ориентирани проекти тие да бидат реализирани“ – рече Николај Димитров, генерален конзул на Бугарија во Битола.

Постоењето на „Хармоничен свет“ претставува пополнување на просторот што го оставаат јавните институции од ваков вид. Имено, „Хармоничен свет“ обезбедува едукација на децата до 3 годишна возраст. Освен експертите дефектолози, тука работи и психолог, а сите заедно овозможуваат и поддршка на семејствата кои имаат деца со проблематичен психо-моторен развој. Новата опрема овозможува подобар развој на корисниците на услугите.

„Со средствата наменети за овој проект беше набавена современа апаратура за логопедска рехабилитација, дидактички материјали, играчки за подоброување на психо-морторниот, социо- емоционалниот развој и когнитивни процеси, беше набавена и техничка опрема. Бидејќи децата најдобро учат преку игра, очекуваме со употребата на споменатите играчки, да се намали времето на адаптација, очекуваме по успешна рехабилитацација како и побрзо вклучување и самостојно функционирање на децата со посебни образовни потреби во секојдневниот живот.“ – објасна Александра Христов, дефектолог.

Инаку оваа церемонија се одржа токму на Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутистичен спектар на заболувања.
Од „Хармоничен свет“ апелираат на свесност во јавноста дека 1% од светското население има проблеми од спектарот на аутизам, дека околу 7 милиони лица се дијагностицирани во земјите на Европската Унија и дека околу 20. 000 лица живеат со ова развојно нарушување во Македонија.
Помошта од Република Бугарија пак во текот на минатата година вклучи реализација на проекти во Центарот за рана интервенција и третамн во Охрид, создавањето на Монтесори кабинет во Завод за рехабилитација на слух говор и глас во ОУ Кочо Рацин во Битола, а од пред две години со посредство на бугарската амбасада во Македонија комплетно бил опремен и Центарот за деца со аутизам во Тетово.












