ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ: СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА Е ПРОПАДНАТ ТРАНЗИЦИСКИ ПОЛИТИЧАР

Зошто граѓаните да гласаат за Пендаровски, а не за Силјановска-Давкова за која често велите дека гласањето за неа, е гласање за изолација, иако таа ни го цитира Платон, а вие Оскар Вајлд , вака го прашавме во емисијата Директно на Тера телевизија, советникот Методија Илиевски, кој е кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата“.

„Само ќе ми дозволите да направам една моја лична ретроспектива и споредба на двата ликови. Кога ќе го спомниме претседателот Пендаровски, за мене е пример за европски претседател, европски политичар, кој во неговиот мандат се случи НАТО. За потсетување на нашите сограѓани, пред да го отпочне државничкиот мандат, претходно тој беше еден од претставниците на нашата земја во НАТО, кој преговараше за истиот и истиот се случи. Човек со интегритет и достоинство, еден современ, европски, модерен политичар.

Кога ќе го соменеме кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, за мене како помлад човек и она што го гледам што се случило во минатото е еден пропаднат тразициски политичар од времето на господинот Бранко Црвенковски, која дефинитивно не се снашла во политиката во тој период, па сега пробува нешто да најди, да се пронајде во овој политички период, меѓутоа сум сигурен дека доколку граѓаните гласааат за Гордана Силјановска-Давкова ќе биде погрешно“ рече Илиевски.