Вака денеска од прес конференција праша Дејан Србиновски од битолскат СДСМ.
„На повидок е голем скандал кој потврдува дека лажните анкети на Македонската телевизија се нарачани од штабот на ВМРО ДПМНЕ!
Согласно Oперативниот план на Изборниот штаб на ДПМНЕ усвоен на 5 декември 2023, лажните анкети има обврска да ги прави Владимир Божиновски и неговиот Институт за политички истражувања Скопје. Покрај лажните вести и нарачаните рејтинзи, во планот е дефиниран и составот на гостите аналитичари кои ќе гостуваат во МТВ два пати недело.
Изборниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ одлучил обврската кон Владимир Божиновски да ја реализираат градоначалниците. Затоа прашуваме:
– Каква обврска има градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кон Владимир Божиновски од ИПИС?
– Ако се работи за пари, дали Коњановски ќе плати од својот џеб или со пари на битолчани?
Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анкети се истите методи на Никола Груевски кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски! ДПМНЕ не се променило“ рече Србиновски.











