Битола доби Медицински факултет, СДСМ вложува во високото образование и младите, рече денеска на трибината во Битола, потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со нејзините сопартијци, пратениците Жаклина Лазаревска и Ненад Коциќ, дел од предлагачите на овој закон во Собранието.

„Медицински факултет во Битола значи повеќе стручен кадар, подобрување на квалитетот на здравствените услуги, подобра здравствена заштита и повеќе млади кои ќе продолжат да работат тука.

Активно работиме на процесот наредната академска година да имаме запишани студенти на овој факултет. Развојот на Медицинскиот факултет во Битола е наш проект кој во следниот мандат ќе биде приоритет за реализација.

СДСМ и Владата ја вратија автономијата на високото образование во 2018 година. Оттогаш овозможивме да се вработат млади кадри во високото образование и демонстратори.

Со последните измени на Законот за високо образование овозможивме покачување на платите во високото образование и изедначувања на стручните звања на сите универзитети.

Голем е придонесот на пратениците од СДСМ за оваа иницијатива да стане реалност со гласањето за измените во Законот за високо образование, како и на поранешниот заменик министер за здравство, Рендевски и националниот координатор за здравство, Чакаровски“ беше речено на трибината.













