На Битола и на Македонија им се потребни промени. Македонија и вашиот град со својата посебност заслужуваат да бидат претставувани од човек како нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска- Давкова, изјави Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа за пратеници од изборна единица пет на синоќешниот митинг во Битола.
Оваа власт е елементарна непогода за граѓанска држава, за независно судство и за европска Македонија, рече на митингот во Битола, претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, професорката Гордана Силјановска-Давкова.
Би сакал денеска на овој митинг, во овој за мене посебен град, кој многу го сакам, да истакнам една важна работа, која чувствувам дека токму тука треба да ја кажам. Сакам да испратам до целата јавност важна порака. Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Битола.












