За процентот на излезност во вториот круг на претседателските избори, зборуваме во емисијата „Директно“ на Тера, со претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, професорката Гордана Силјановска-Давкова.
„Ние ако се сеќавате дури и при вака висок цензус, често пати сме ги оспорувале резултатите на кандидатите, јас тоа сететесе, дека воопшто немам намера да го правам, не сакам да им го комплицирам животот на граѓаните, меѓутоа не можам, а да не кажам дека е тоа многу висок цензус особено за втор круг, а дека не е тоа моја лична импресија кажуваат и мислењата на Венецијанската комисија и на ОБСЕ/ОДИХР кои што препорачуваат да се тргне овој цензус, зошто поучени од процесите на апстиненцијата и до блокадата во некои држави“ вели Силјановска-Давкова.
Ја прашавме и за тоа што лидерот на ВМРО ДПМНЕ побара изјаснување од Пендаровски, Ковачевски и ДУИ, за можен бојкот на вториот круг.
„Што се однесува до бојкотот во држава во која доминираат политичари специјалисти за отомански и византиски игри, се е можно, можеби затоа истовременоста во вториот круг на претседателските и парламентарните избори на некој начин треба да го оневозможи тоа, но не можам да тврдам дека ќе дојде до тоа, ниту дека нема да дојде до тоа. Се е можно во оваа земја“ вели таа.
Признава дека е изненадена од тоа што темата за избор на претседател во Собранието, се појави повторно сега пред кампањата.
„Да, ме изненади. Понекогаш не е случајно, не е првпат, тоа е врзано знаете за онаа погрешна формулација за консензуален кандидат. Тоа што ќе си договорат партиски лидери, некој го именува како консензуален кандидат, а ние после комунизмот имавме жед директно да избираме некого, градоначалникот и претседателот на држвата, не само во Македонија и во соседните држави и тоа е многу легитимен исчекор, зошто понекогаш граѓаните различно гласаат кога гласаат на парламентарни и претседателски избори и факт е дека личноста на кандидатите за претседател може да инспирира граѓанин, а може и да демотивира, па дури и да нервира.
Многу лошо решение. Зошто? Бидејќи сите три власти ќе се најдат на едно место, во една партија или во една коалиција, а нашиот најголем проблем е партизацијата, политизацијата, корупцијата и криминалот. Значи мора да има некаква дисперзија на моќта“ рече во интервју за емсијата Директно, претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова.
Емисијата со неа е вечерва од 20:00 часот на Тера телевизија.












