Нови 11 доктори на науки беа промовирани денеска. Ректорот, деканите на факултетите, претседателот на Сенатот ги промовираа на свечена церемонија којашто претставува нивно објавување.
Денеска беа промовирани 2 доктори на науки од образовните науки и Педагошкиот факултет, 2 доктори на науки од областа на економските науки – маркетинг од Економскиот факултет, промовирани беа и еден доктор на науки од Технолошко-техничкиот факултет во Велес, доктор по информатика и компјутерекса техника од ФИКТ, доктор на науки од областа на безбедноста од факултетот за безбедност во Скопје, доктор на науки од областа на туризам од факултетот за туризам во Охрид, доктор на науки од организациони науки и управување-осигурување од охридскиот факултет, доктор на биотехнички науки од биотехничкиот факултет.

„Фактот дека имаме и преку 40% странски студенти на докторските студии дека се изведуваат и на Македонски и на Англиски јазик, дека во континуитет задржуваме една бројка на запишани докторанти тоа значи дека се задоволни наштите кандидати, бидејќи кај докторските студии нема импровизации , тие се релативно скапи студии и секој за своите пари гледа да го добие најдоброто кое ќе му помогне во неговата или нејзината идна кариера, така што докторските студии се сериозен индикатор на квалитетот на научната , оти тие се и научни студии, и наставната работа на еден универзитет.“ – изјави денеска непосредно пред промоцијата проф.д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот.

Доктор по одредена наука не е само титула. Често е показател за нечија решителност и истрајност во настојувањето да се реализираат зацртани цели и тоа не само како лично достигнување туку работа во интерес на заедницата, општеството. Докторатот е гордост, радост, затоа што е големо достигнување.
„Ние интензвно работевме 6-7 години вклучувајќи го и периодот на евалуација, изтработивме нова сопствена алатка , заедно со мојата менторка проф-д-р Виолета Маневска. Она што се работеше бепе за првпат, оригинално и со многу ентузијазам. “ вели Фехми Искендер, родум од Центар Жупа, најновиот доктор на науки од областа инженерство и менаџмент на софтверски апликации, а за Битола го врзуваат главно позитивни спомени.

Ни кажа дека во просториите кадешто денеска ја доби докторслата диплома како 19 годишен младич и дел од ЈНА бил командир на полициското одделение и постојано го шетал ходникот во кој денеска стоеше пред неговата промоција во доктор на науки.
Докторатот не е крај на образованието вели ректорот Неделковски, тоа е показ за академската моќ, но таа треба да се докаже. Тој својот докторат го одбранил во 1997 година, а објавата и за него е ден што го памети.

„1997 година ја бранев мојата докторска теза, се сеќава сеуште убаво на настанот . на почетокот сте од научната кариера, бидејќи кај нас долго време докторатите се сфќааапогрешѓно дека е крај на научната работа , но , докторатот е почеток , доказ дека некој е оспособен за научна работа . А јас тогап на своите 30 години сум бил полн со елан со енергија, задоволство ми е дека тој докторат од ’97 многу ми значеше понатаму во професионалниот развој. “
Универзитетот св Климент Охридски со низа настани го одбележува 45 годишното формално постоење , здружување на различни редовни и придружни членки , факултетски единици и институти.











