Во присуство на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, државниот советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи Андреј Василевски, високи претставници на министерството за одбрана и Армијата на Македонија, градоначалниците од регионот, семејствата на загинатите бранители, претставници на политички партии, здруженија на граѓани, пред споменикот на загинатите бранители во СВР Битола беше одбележана 23 годишнината од трагичната смрт на четворицата припадници на безбедносните сили кои во заседа беа убиени и масакрирани кај тетовското село Вејце.
Масакрот се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот, а животот во одбрана на татковината го загубија осумина припадници на македонските безбедносни сили – четворица припадници на спацијалната единица „Волци“ и четворица припадници на посебната единица на полицијата од Битола.
Денеска Битола се сеќава и им оддава почит на Маријан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски, кои го бранеа суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.



















































