ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ, ВО БИТОЛА ДО 26 СТЕПЕНИ

Утрово 8 степени во Попова Шапка, 9 Лазарополе, 10 Маврови Анови, Берово, 11 Крива Паланка, Крушево, 12 Претор, Битола, Струмица, 13 Тетово, Прилеп, Гевгелија, 14 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Дојран, Куманово, Велес, 15 Штип, Виница, Дебар, Кавадарци.

Најмногу дожд 20 л/м2 наврнаа во Велес, 12 Скопје-Петровец, 10 Куманово, 2 Пожаране, Маврови Анови, Лазарополе, 1 Крива Паланка.

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне, особено во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. Во Битола до 26 степени.