Утрово 5 степени во Лазарополе, 7 Попова Шапка, Берово, 9 Маврови Анови, 10 Битола, Прилеп, Крива Паланка, Охрид, Претор, Крушево, 11 Скопје–Петровец, Тетово, Струмица, 12 Велес, Скопје–Зајчев Рид, 13 Куманово, Штип, Демир Капија, Виница, Кавадарци, Гевгелија.
7 л/м2 наврна дожд на Попова Шапка, 5 Лазарополе, 4 Битола, Виница, 3 Прилеп, 2 Тополчани, 1 Тетово, Пожаране, Велес, Гевгелија, Крушево.
Променливо облачно, во првата половина од ноќта со повремен локален дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.
Времето денеска сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Во Битола до 26 степени.











