Утрово -2 степени на Попова Шапка, Маврови Анови, Крушево, 0 Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, 1 Дебар, Берово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 3 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Демир Капија, 4 Куманово, Струмица, 5 Крива Паланка, Гевгелија, 6 Виница.
Најмногу дожд 127 л/м2 наврнаа во Демир Капија, 96 Попова Шапка, 81 Гевгелија, 79 Кавадарци, 69 Прилеп, 61 Битола, 55 Пожаране, 52 Струмица, 48 Скопје-Петровец, 43 Штип, 42 Маврови Анови, 39 Куманово, 35 Претор, 34 Берово, 33 Тетово, 29 Скопје-Зајчев Рид, 27 Дебар, 25 Велес, 18 Охрид, Виница, 15 Крива Паланка.
Утрово во 7 часот висината на снежната покривка беше 61 см во Маврови Анови, 44 Крушево, Попова Шапка, 15 Дебар, 14 Претор, 7 Берово, 4 Битола.
Облачно со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а на планините и на повисоките места од снег. Дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен северен ветер, во Крива Паланка со брзина над 45 км/час.
Денеска облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 л/м2).
На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Битола до 2 степена.











