Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Утринксата во Битола -4, а дневната до 9 степени.
До петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег.
Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.











