Утрово -2 степени во Берово, 0 Попова Шапка, Крива Паланка, 1 Виница, 3 Битола, Лазарополе, 4 Штип, Тетово, Крушево, Кавадарци, Куманово, Маврови Анови, 5 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Прилеп, Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Струмица, Велес, 7 Претор, 8 Гевгелија.
Во текот на ноќта и утрово времето беше умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Денеска променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Битола до 15 степени.












